Анѓушев: Поради новите вработувања, во пензинско има се повеќе пари, со тоа и пензиите растат

Растот на платите во овој период е факт. Изготвени се анализи на 8 квартали за потребите на пратењето на економските стандарди споредбено со претходните години за време на претходната власт. Зголемувањето на платите во 2013 и 2014 година било 821 денар, а потоа 840 денари додека во овие 2 години е 2.790 денари. Тоа го прави реалната економија и отворените работни места, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во вечерашната Топ Тема на Телма.

Тој исто така тврди дека бројките на вработување растат во однос на претходната власт, а се очекуваат уште поголеми бројки поради новата мерка на министерството за труд и социјална политика со која ќе се поддржуваат фирмите во однос на плаќањето на пензиско и здравствено осигурување.

  • Во овие 2 години работење на оваа власт пак вработени се 53 илјади. Тоа значи дека притисок врз работодавачите станува се поголем, а и вработените оправдано бараат покачување на платите. Во буџетот за наредната година планирана е поддршка на компаниите. Нето платата ќе ја исплаќаат фирмите додека пак пензинско и здравствено ќе плати државата, вели Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев исто така истакна дека и пензионерите ќе добијат покачување на пензиите благодарејќи на економијата која се води во изминатите 2 години.

  • Поради новите вработувања, во пензинското пристигнати се повеќе пари, со тоа логично е пензионерите да добијат поголема пензија. Овие мерки и политики се припремани неколку месеци наназад пред да знаеме ќе има избори, така да не станува збор за предизборна кампања, вели Анѓушев.

Анѓушев демантира покачувањето на платите кај медицинските работници е дел од изборната кампања.

  • Доколку не се подигнат платите на медицинските работници ќе останеме држава без доктори. Медицинските работници почнаа да учат германски јазик и да одат на запад. За покачувањето се говореше уште во јуни минатата година, тоа не е нешто ново, истакна вице премиерот Анѓушев.
Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ