Се бараат нови админситративци за плати и до 55.000 денари

Работа на државни јасли за плати од 15 до 55.000 денари. Се бараат од раководители на сектори, до советници на директори и градоначалници, потоа инспектори, референти. Педесетина огласи за 80-тина атрактивни работни места, но и со актрактивни плати деновиве осамнаа на сајтот на Агенцијата за Администрација. Министерот Манчевски  кој најави реформа за кратење на администрацијата, со која мрзливите административци треба да ги смести во приватниот сектор, вели не ги знае потребите на институциите. Тврди дел од огласите најверојатно се пополнување на испразнети работни места, дел нови. Но, апелира да не се дига паника, и тоа да не се поврзува со вработувања за предизборни цели.

Значи се работи за комбинација, секогаш е така, жив процес, на две- пополнување на тоа што се празни и евентуално некои нови места. Сакам да најавам и веројатно да антиципирам една паника која што ќе се јави на крајот од оваа година а тоа е со договорите на определено време. И знам дека ќе има обид ова да се поврзе во прдизборни цели. Но да ве потсетам и лани беше така и да потсетам дека екоја година е така затоа што согласно законот на 31 декември им истекуваат договорите за оваа година и на 1 октомври доколку има потреба институцијата ги продолжува, на определно време само зборувам договорите. Значи не се работи за ништо вонредно, не се работи за тоа што има избори,

вели Манчевски.

Информациите на Телма кажуваат дека добар дел од огласите се за работници на неопределено и за пополнување на нови места.

За сега најатрактивен е огласот Регулаторна комисија за енергетика. Се бараат 8 лица, раководители на сектори, советници, ревизори за плати од 47 до 55.000 денари. Првиот човек Бислимоски за „Телма“ вели дека им треба кадар и дека тоа се работни места предвидени во систематизацијата. За него платите во ова регулаторно тело се најниски во цела Европа.

Тоа се најниски плати во цела Европа, нема пониски дури и Косово имаат повисоки плати од нас. Ние сме вкупно 30 луѓе, од кои 19 административци, во некои сектори немаме ниту раководители,

вели Бислимоски.

Министерството за земјоделство вработува 14 лица – раководители, советници, соработници. Велат тоа се нови места кои ги има во систематизацијата и за прв пат се пополнуваат.

Рекордер за сега е Општина Струга на Рамиз Мерко, која плива во долгови. Мерко бара да  вработи  30 лица, од раководители, соработници до референти. Платите се движат до 30-тина 000 денари, а интересно е што таму пак на секоја позиција има дури и национална припадност, за кои работни места се бараат  Македонеци, Албанци, Турци.

Но, Мерко денеска не одговори на нашите прашања зошто вработува 30 луѓе во општина со блокирана сметка. За Мерко Антикорупциска веќе поднесе барање за поведување на кривична одговорност. Градоначаникот на  Скопје,Шилегов пак е во потрага по  21 човек за работни позиции советници,  инспектори.  Карпош и Охрид, бараат 10 лица,а на оглас се и 9 работни места во  Министерството за правда. Податоците покажуваат дека за сега ретки се огласите на кои се повика Манчевски, за продолжување на договори на определено време.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ