Заев: Имав страв дека ќе ми заврши животот, сведочи во кривичен суд за крвавиот четврток каде обвинет е вработен во затвор

Премиерот Зоран Заев повторно како сведок се појави во кривичниот суд во Скопје во процес поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието.

Обвинет за насилство е Илија Петрушевски, кој и сега, но и во времето на собраниските насилства работи во државна служба, односно во затворот во Идризово.

Петрушевски е обвинет дека сторил дело насилство за време на инцидентите на крвавиот четврток, а претходно е осудуван за тешка телесна повреда. Заев во сведочењето пред судот рече:

-Имав чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал, имав страв дека ќе ми заврши животот.

Во овој процес како сведоци се појавија и министерот Дамјан Манчевски, како и Никола Ордевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ