На прав пат – Обнова на Македонија

Дали покачувањето на платите на наставниците за 10 одсто е понижувачко фрлање трошки или подобрување на достоинството на професијата? Власта и опозицијата со различен аршин.

Спротивставени мислења за речиси секоја тема. Високи партиски функционери  на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ по два-три пати неделно ја крстосуваат Македонија. Собирите на граѓани и говорите што не сакаат да ги нарекуваат предизборни, ги користат за презентирање на своите изборни програми што се уште не се напишани, а  уште повеќе, за оцрнување на политичкиот противник.

СДСМ од Охрид најави дека еден од столбовите во нивната програма ќе биде реформа на правосудството.

 ВМРО ДПМНЕ од Радовиш порача дека ги слушаат проблемите на луѓето и знаат како да ги решат.

Иако до предвремените избори има уште цели пет месеци, партиите веќе се во кампања.

СДСМ го назначи генералниот секретар Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб. ВМРО ДПМНЕ се уште не спровело анкета за рејтингот на кандидатите што ќе се најдат на партиските листи, но Мицкоски верува дека нема да има место за оние што се осудени за криминал.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ