
Интервју со Денко Малески
Економска нужност е да се обнови пазарот на Балканот и Македонија не треба да бега од иницијативите кои ќе ја направат побогата земја, но тоа не е замена за Европската Унија, смета професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески за иницијативата за Мал Шенген и Норвешкиот модел.
Очекува Франција да ретерира, но заради геостратегија.
За него е загрижувачки дека на претстојните избори националистите може да го искористат резервоарот на гласови на незадоволните од Преспанскиот договор.