Не истрага туку „меѓународно толкување“ за Диво Насеље

За Диво Насеље, владата разгледува можност како да се организира меѓународно толкување на големиот инцидент во Куманово во кој загинаа 8 полициски специјалци и 10 припадници на терористичката група.

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски рече дека се вршат анализи која институција е надлежна да ја отпочне постапката за барање  меѓународно учество во истрагата. Толкувањето би требало да ги испита околностите на инцидентот во Диво Насеље, како и заднината на целиот настан, за што постојат и определни сомнежи дека во подготовката учествувале и луѓе од безбедносни структури во државата.

Премиерот Заев вчера во Косово најави дека за да се расветли случајот ќе има меѓународна истрага. Денеска пак во владата употребија „толкување“ наместо истрага, бидејќи за случајот веќе има и првостепена судска пресуда.

М.С.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ