Јавната анкета за ДУП на Кисела Вода заврши – 100 нови згради се уште на повидок

И по поднесени 185 преставки и 60 анкетни листови од граѓаните во Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски стои на ставот дека во Расадник треба да се градат 100 згради, а дека новите паркови за кои ветува дека ќе се изгради ќе им го вратат хуманото живеење на граѓаните. Јавната анкета завши денеска , а траеше 10 дена. Граѓаните кои тропнале на вратата на општината со претсавка во рака велат дека не е потребно градење на нови зради кога цела Кисела Вода се гуши од загаденост на воздухот.

Ако се усвои новиот предлог Детален урбанистички план , во Расадник ќе се гради и училиште, поликлиника црква , нова градинка. Се ова беше ветено во кампањата на  локалните избори  во 2017та а рокот за изграба е до 2020  Според математиките на Темелковски спорно е само дали ќе општината ќе стигне да изградат поликлина за граѓаните кои уште се лекуваат во Јане Сандански.

Директорот на асоцијацијата на архитекети Мартин Пановски, вели дека во Македонија се уште се работи по стари прабилници за урбанизам и тоа што што секоја општина смее да се занимава со урбанистичко планирање.

За три години ова  е втор предлог за Детален урбанистики план на Кисела Вода. И тогаш наиде на остри реакции од граѓаните, а пред донесувањето го бутна Министерството за образование. За судбината на овој допрва ќе се одлучува.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ