
Кочани во акција против загадувањето во општината
Кочани во акција да го тргне лошиот глас дека е најзагадена општина на истокот. Проблемот со загадувањето на воздухот од градското ѓубриште, кое е над градот се решава со складирање на земја и градежен шут, а се набавува и систем со алги кои ќе ги спречи пожарите.
Почната е едукација на земјоделците да не ги палат стрништата по жетвата на оризот и на житните култури.
Бесплатно се собира и сламата, по што по швајцарски рецепт ќе се прави ѓубре. На маса е ставен и предлогот сите оние земјоделците кои ќе ги палат стрништата, да бидат казнети со не добивање на субвенции.
Постојната мерна станица се наоѓа во близина на индустриските објекти, кои го загадуваат воздухот, во тек е набавка на нови, а направени се пет вонредни инспекциски контроли на фабриката за хартија Пејпер мил, која до крајот на месецов мора да постави филтри на оџаците.
Загадувањето на институциите и домаќинствата со дрва или други енергенси ќе се спречи со користење на топлата вода. Во Кочани неколку институции се затополуваат со оваа вода, а советниците од сите политички партии денеска сплотени побараа да се преземат мерки за злопуотребата на топлата вода и намалување на нејзините количини во бунарите.
Решение за овој проблем ќе се бара во министерството за економија, а во меѓувреме граѓански активисти најавуваат протести во сабота во паркот и кај депонијата кај кочнаското село Бели.
Викторија Јованова