
Спасовски: Истрагата да ја утврди одговорноста за бегството на Спасов
Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по шпекулациите дека во бегството на поранешниот специјалец се вмешани и некои полициски службеници.
Вчера конечно Јавното обвинителство во Штип отвори истрага за да се види кој се е вклучен во тој процес. А денеска предметот за Игор Спасов е доставен во судкиот совет каде што ќе се утврдува дали е постапувано законски и дали има пропусти кај судот.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори. Казната затвор ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.
Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври. Но откако не се појави по него е распишана меѓународна потерница.