
Ќе се градат сто нови згради во Расадник
Ова е единствениот слободен простор во Кисела Вода. Но, не за долго. Општината планира да гради 100 нови згради во Расадник, три пати повеќе од веќе изградените. Ако се усвои Деталниот урбанистички план на Кисела Вода на приватни земјишта ќе никнат четикрикатници, шескатници, петнаесткатници. Автомобили на тротоарите, градежни работи и малку зеленило е сликата која денеска може да се види во Расадник. Ова ги натерало жителите на Кисела Вода да достават претставки до општината. Граѓаните, пред камерата на Телма велат дека ваквата одлука општинарите ја донеле нетранспарентно, но и дека нема потреба од нови станбени објекти.
Првиот човек на општината, Филип Темелковски ни одговори дека со овој Детален Урбанистички план ќе се изградат 20 згради помалку, а и дека на плацовите кои се во државна сопственост ќе има нова градинка ,поликлиника, црква , средно улилиште.
Предлогот за Детален урбанистики план на Кисела Вода од 2016 не беше усвоен поради негативното мислење на Министерството за образование . Тие имале забелешки што немало доволно простор да се изгради училиште. Реакции имаше и од жителите на Расадник, кои три години повторно поднесуваат забележи до надлежните . Јавната анкета завршува утре , а до сега се поднесени 185 претставки.
Теодора Цветковска