Јавното обвинителство можело да ја запре сексуалната злоупотреба на 13-годишното девојче

Откако забремени и абортираше, 13 годишната штитеничка на домовите за згрижување деца чиј што старател е државата, е на безбедно во Засолниште за жени и деца жртви на насилство.

Тука била сместена и во Ноември 2017, откако е донесена без свест и сексуално злоставувана во Велес, но за брзо пуштена и вратена во дом, бидејќи јавното обвинителство не поднело обвинение до основните судови.

Токму ова е една од причините што малолетничката повторно се нашла на улиците и забремнила, тврди новиот В.Д. Директор на Јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми, Даниел Алексовски.

„По пронаоѓањето на штитетничката во Велес, и потврдата од полицијата дека имала сексуален однос таа е сместена во Шелтерот за жени и деца жртви на семејно насилство. Во тој период јавното обвинителство не отвори предмет и не покрена обвинение за да имаме правен основ да ја здржиме во установа од затворен тип како што е шелтерот. Таа е вратена во домовите од отворен карактер, и во периодот што следи забременува.“

Пo една седмица се огласи и јавното обвнителство Скопје кое потврдиува дека оформило предмети  по писмени известувања поднесени од Министерството за внатрешни работи и псотпаува.

„Доставена е Наредба за проверка на наводите  од пријавите и за организацијата и работењето во установата. Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите  и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави  писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци“.

Дека имало доволно кривични дела за да се алармираат правосудните органи нови детали откри и заменик народниот правобранител.

Додека државата бара виновник, уште две нови малолетнички згрижени во овие два домови се бремени. 17 годишна штитеничка за неколку месеци забременила од љубовник, а ќе се породи на есен. Нејзината 15 годишна другарка, абортирала. Никој не ги злоставувал, ниту пак претходно  ги прекршиле правилата на домот.

Трите девојки се дел од вкупно 25 згрижени деца, за кои се грижат  12 обучени и образовани лица, кој секојдневно го забележуваат во „дневен извештај“ секој детал од движењето и дружењето на овие деца.

Во шелтер центрите жртвите на семејно насилство можат да бидат сместени три месеци, со можност за продолжување за уште три месеци, период во кој се преземат мерки за подобра интеграција на жртвите во општеството.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ