Пендаровски следната недела во Париз на средба со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски следната недела ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на Парискиот мировен форум во Париз.

Претседателот Пендаровски вчера во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

Правиме напори практично од првиот ден, практично веднаш по последниот бриселски самит на ЕУ да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација,

рече Пендаровски.

Тој посочи дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се Франција.

Пендаровски во Париз ќе престојува на 11,12 и 13 ноември, а на Форумот, на кој се очекуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, обраќање ќе има на 12 ноември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ