
Повредените кумановски работници се во стабилна состојба, но се уште се во болница
Двајцата потешко повредени кумановски работници коишто беа испратени во Скопје со повреди на кичмата и на градниот кош, се уште се хоспитализирани и се во стабилна здравствена состојба, потврдуваат од КАРИЛ. Тие беа пренесени на скопските клиники на 30 октомври откако арматура падна врз нив на градилиште. Останатите, полесно повредени работници коишто беа хоспитализирани во Општата болница во Куманово веќе се лекуваат дома, откако и последниот од нив е отпуштен во саботата. Сите од нив се во добра здравствена состојба, потврди за Телма директорката на болницата, Захариева. Несреќата се случи во четвртокот минатата недела кога на градилиште во кумановската населба Зелен рид се поставуваше мрежа за темел на зграда.