
Охридска банка доби нов сопственик
Охридска банка доби нов сопственик. Австриската Штаермеркише Банка и Шпаркасен ја купија Охридска банка. Трансакцијата е објавена на Македонската берза. Имено, австриското друштво Штаермеркише Банка и Шпаркасен стекна 91,5 отсто гласачките права, при што најголем дел, ги откупи од француската групација Сосиете Женерал. Деталите за преземањето на Охридска банка Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен ќе бидат презентирани на јавноста на 8 ноември годинава.