Се одолговлекува стартот на процесот за организаторите на крвавиот четврток

Пропадна обидот за оценка на обвинението за организаторите на инцидентите во Собрание на 27-ми април 2017-та. Кривичниот суд до сега не им дозволувал на дел од адвокатите да ги видат доказите кои се во предметот од претходниот процес поврзан со овој настан.

Во него има пресуда но не е правосилен па со ова образложение судот не одобрувал увид. И обвинителството ги упатувало увидот да го направат во кривичен. Сега добија термин па оценката е одложена за почетокот на следниот месец.

Инаку уште пред да почне судницата кривичниот суд забрани присуство на медиуми во судницата. Јасно образложение нема, но тројцата судии Марин Станевски Оља Ристова и Даниела Алексовска Стојановска и покрај инсистирањето на адвокатите за присуство на јавност, останале на ставот дека ќе биде зад затворени врати без никакво образложение.

Денеска во суд дојдоа четворицата обвинети кои се во обвинението, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски. Во бегство се Никола Груевски и Никола Бошковски па за сега тие не се на листата на кои ќе им се суди.

Половина година немаше судии кои би можеле да го оценуваат обвинението. Причина беше што сите од одделот за организиран криминал беа на некој начин поврзани со првиот случај во кои се осудени шеснаесетмина, а дел се амнестирани.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ