Кривичното дело предизвикување на шумски пожар – украс во крив ичниот законик

Десетици илјади хектари изгорена шума а ниту една кривична пријава за предизвикување на шумски пожар. Како функционира казнената политика во Македонија кога станува збор за опустошување на природата?

Официјалните податоци покажуваат дека лицата осомничените за предизвикување на пожари на отворено во кои често страдаат и шумите секогаш се гонат за предизвикување на општа опасност или тешки дела против општата сигурност каде се предвидени поблаги казни, некогаш и парични.

Обвинителството, во соработка со МВР во последните две години поднело вкупно 65 кривични пријави приотив лица осомничени за предизвикување на пожари на отворен простор во кои биле уништени шуми. Речиси сите се за предзивикување на опашта опасност. Само во два случаи осомничените се товарат за тешки дела против општата сигурност, двете пријави се поднесени оваа година а едната е против петмината осомничени за пожарот кај велешкото езеро во кој  изгореа дерсетици хектари шума.

Анализата покажува дека најголем број на пријави има во кичевското обвинителство – вкупно 18, повторно сите за предзивикување на општа опасност. Од осумте пријави поднесени минатата година три се отфрлени а пет се сеуште во истрага, додека од десетте пријави годинава осум се во истрага а во две се донсесени пресуди една условна и една затворска казна.

Во кривичниот законик има прецизно утврдено кривично дело, член 227, предизвикување на шумски пожар, каде минималната предвидена казна е осум години затвор, освен ако е сторено од небрежност каде казн ата е од три до пет години. За предизвикување на општа опасност, делата за кои најчесто потпалувачите се теретат, важи членот 288 од кривичниот законик каде пропишаната казна е од шест месеци до пет години но може да се замени и со парична. Членот 292 пак, тешки дела против оштата сигурност, предвидува казни од една до десет години.

Дали шумската полиција има капацитет да го спречи потплаувањето на шумите и неизбежната дива сеча која следи потоа. Шумските полицајци имаат плати кои се во просек од околу 18 илјади денари, немаат бенефициран стаж и први се на удар на спрегата меѓу локалните моќници и дрвокрадците.  Шумски полицаец кој инсистираше на анонимност тврди дека  станува збор за организирана мафија и голем профит.

Официјалните поодатоци на Јавното претпријатите „Национални шуми“ се шокантни. Само во првите девет месеци од годинава се регистрирани 364 шумски пожари во кои се уништени  14 илјади хектари шуми и изгореле 90 илјади кубици дрва. Материјалната штета е проценета на 708 милиони денари но јасно е дека граѓаните трпат најмногу последици од систематското уништување на шумите бидејќи за да се регенерира шумскиот фонд унбиштен само годинава се потребни педесет години.

Црната статистика покажува дека од 2014 година па досега се уништени 40.399 хектари шума или над 4 отсто од целокупниот шумски фонд во државата. Во овие пожари целосно изгореле 184 илјади кубици дрва. 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ