
„Ѕвезда под небото“ е слоганот за туристичка промоција на Струмица
Струмица се брендира. Слоганот „Ѕвезда под небото“ е само еден од неколкуте слогани, логоа и промотивни видеа со кои ќе се гради позитивна слика за Струмица, но и почетен обид градот да се позиционира на светската мапа на туристички дестинации. Организаторот на проектот кој е финансиран од европски фондови вели дека градењето бренд не подразбира само промоција на градот и значајните локалитети и настани, туку и производи и личности кои се синоним за Струмица
Градоначалникот Јаневски вели дека Струмица е позната по создавањето вредности и тие треба да се презентираат на светот.
Во проектот се вклучени Марјан Ѕингаров, Никола Маџиров и Александар Дончев како автори на логоата, слоганите и видеата.
Сузана Мицева