Тевдовски и Јовановиќ со жестока осуда на најавата на владата за замрзнување на прогресивниот данок

Поранешниот министер за финансии во владата на СДСМ, Драган Тевдовски, преку објава на фејсбук жестоко ја критикуваше најавата на владата за одлуката сите мерки од пакетот за прогресивно оданочување да се замрзнат во наредните 36 месеци, односно тие да бидат системски одложени се до 1. Јануари 2023.

“Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ” – напиша Тевдовски на фејсбук.

Уште пожесток во својата реакција беше поранешниот советник на Тевдовски, професорот Бранимир Јовановиќ, кој оцени дека со одлуката да го „одложи“ прогресивниот данок, Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на најбогатите 1% во оваа држава.

“Не на сиромашните, не на работниците, не на земјоделците, не на студентите, не на младите, туку на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци” – напиша Јовановиќ на Фејсбук.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ