Училиштата се дават во долгови

Битолските училишта дури неколку  пати досега во изминатите 3 месеци се соочиле со закана дека ќе им биде исклучена струјата поради неплатени долгови. Состојбата се смирувала дури по ветувања од страна на општината дека се работи на решавање на проблемот. Страшно е вели градоначалничката Петровска, бидејќи поради блокирани сметки училиштата не можат нормално да функционираат.

Ваква е ситуацијата во речиси сите поголеми градови

Во меѓувреме долговите уште повеќе се таложат, а со тоа и каматите. На овој начин вели Петровска, се наоѓаме во маѓепсан круг од кој тешко можеме да излеземе.

Министерката Дескоска потврдува дека најголем проблем училиштата имаат со долговите за потрошена електрична енергија. Обидите се во насока да се направи репрограмирање на долгот.

Една од опциите за излез е и зголемувањето на блок дотациите за да се зголемат средствата што им се исплаќаат на општините за подмирување на трошоците. Според Десковска, нереално е да се очекува дека долговите што се таложеле десет години некој ќе може да ги врати за една, пред се заради лимитираниот буџет на министерството.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ