Невладините против предлогот на Текстилниот кластер за продолжено работно време

Работното време да се зголеми на осум и пол часа, од причина што текстилните работници во  моментов користат платена пауза од половина час, ова е едно од барањата на Текстилниот кластер, кои произлегоа по состанок во Штип, а се испратени до министерките за труд и финансии. Според сопствениците во нивните конфекции во моментов ефективно се работи само седум и пол часа, а токму тоа ги правело неконкурентни на пазарот. Бараат и враќање на нормираниот ученик, како и да се скрати листата на празници.

Според граѓанското здружение  Гласен Текстилец, овие барања се апсурдни.

Државата мора да го спречи робовладетелскиот однос на работодавачите во текстилната индустрија, оваа порака денеска пристигна од Хелсиншкиот комитет за човекови права

До Хелсиншкиот комитет, во 2019, заклучно со септември, се имаат обратено 1497 текстилни работнички од 60 конфекции од 12 различни градови. Дадени се 906 правни советувања и иницирани се 20 постапки за инспекциски надзор. Сепак, Државниот инспекторат за труд само во еден случај има утврдено неплатена работа на празник, а ниту еднаш нема утврдено неплатена прекувремена работа и/или прекувремена работа над законскиот минимум.

Членките на Кластерот за текстил од Штип порачаа дека зголемувањето на минималната плата ќе им донесе дополнителни проблеми со непродуктивните работници, некои од нив предложија да покажат граѓанска непослушност, со што еден ден ќе ги затворат фабриките. Анализите пак на синдикатот покажаа дека работничката несигурност со договорите на дело и ниските плати се причината за иселувањето.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ