Додека власта декларативно се залага за намалување на загадувањето на терен конкретни мерки речиси изостануваат

На земјава и требаат 6 милиони литри екстралесно масло за да се згреат домаќинствата, а се трошат 56 милиони литри таканаречена „црвена нафта“. Дека завршуваат во транспортот е јавна тајна – одредени бензински ја точат во замена за дизел гориво. И додека власта декларативно се бори за намалување на загадувањето, а земјава се гуши, на терен  не се преземаат мерки со кои ќе се спречи злоупотребата на таканаречната „црвена нафта“која е огромен загадувач. Токму таа има 100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е забрането за употреба во земјите од регионот,вклучително и во Косово, дури и за греење.

Според стандардите емисијата на штетни гасови поточно сулфурот на дизелот е 10 ППМ, на истото користењето на Екстралесното е 1.000 ППМ, значи 100 пати  е поголемо загадувањето на согорувањето на Екстралесното за разлика од примената на дизел горивата, вели Горан Ангеловски, Директор за стандардизација, квалитет и екологија во „Макпетрол“.

За апсурдот да биде поголем ниту со новиот Закон за акзици нема потези кои ќе значат укинување на употреба на Екстралесното масло за домаќинствата или пак во најмала рака за изедначување на акцизата со таа на  дизелот. Туку акцизата на екстралесното е 9 денари пониска од таа на дизелот. Нема ниту регулатива за екогоривата како биодизелот.

За да множе да се елиминира злоупотреба на екстралесното неопходно е да биде вметната и таа клаузула во законот каде што едноставно употребата на дизел или екстралесно ќе биде исто нема да има никаков економски бенефит корисникот од користењето на екстралесното.Државата треба што поскоро да го донесе Законот за биогорива каде што ќе биде задолжителна примената на биогоривата во горивата кои што се применуваат за транспорт,

вели Ангеловски.

Дека злоупотреби има знаат и надлежните. Директорот на Државниот Пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели имаат сознанија, но за полесно да ги докажат, чекаат да ја добијат Мобилната лабараторија од Бирото за метеорологија. И додека се исправаат бирократските проблеми, за сега никој како да не е загрижен за тоа какви отрови дишат граѓаните од испусните гасови на автомобилите.

Скопје и другите градови во земјава се гушат, а токму 36 проценти од загадувањето отпаѓа на транспортот. А за состојбата да биде поалармантна во земјава се влезени околу 250.000 половни возила со пониски еко стандарди, а голем дел од нив возат на дизел.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ