
500-600 луѓе од Пустец добиле незаконски лични карти во 2012-та
По илајдниците аудио бомби, транскрипти и телефонски пораки, обвинителката во „Титаник“ Лиле Стефанова денеска го распраша првиот сведок кој јасно и без двоумење објасни како обвинетиот, а поранешен шеф на кабинетот на министерката Гордана Јанкуловска, Кирил Тодоровски организирал и побарал, на состанок, од тогашната шефица на одделнеито за лични документи, незаконски да печати лични карти за жители на Пустец и Гора со една едиснтвена цел. Знаеле раководителите на одделенија од други градови, а на првиот состанок кратко присуствувала и Јанкуловска.
На државјани на Македонија да им се определи живеалиште каде што ВМРО-ДПМНЕ имало послабо гласачко тело во кое припаѓаше и општина Центар. Кога го прашав како тоа ќе се изведе, ми објасни дека ќе доаѓаат лица од Преспа и Гора и ќе им издаваме лични карти во општина Центар. Кога го прашав дали ќе биде покриено со потребната документација, рече „Да“, но на иста адреса ќе има од 20 до 30 лица. Тогаш Тодоровски ми рече дека не смеам да се мешам, дека тоа е висока политика,
сведочеше Јадранка Гулевска поранешен началник на Одделот за управни работи во МВР.
Операцијата започнала и на една адреса биле издавани 20-30 документи откако еден вработен земал од депото материјали за печатње лични карти, а друг вработен кој исто така имал наредба да молчи ги изработувал барањата со лажните адреси. Обвинетиот Мунир Пепиќ, тогашен секретар на Горанското друштво бил човекот кој го организирал носењето на луѓето.
Доаѓаше Пепиќ и му дадов адреси каде требаше на една да се стават од 20 по 30 лица. Тие адреси ги добив по СМС порака од Кирил Тодоровски, но потоа му се јавив и му реков дека е доста, дека не може повеќе вака, но тој ми спушти слушалка. Продолжија да носат луѓе, а адресите ги носеше Пепиќ, рече поранешната началничка, која истакна дека на крајот заклучиле дека биле изадени од 500 до 600 вакви незаконски лични карти,
сведочеше Гулевска.
Кога Гулевска одбила да соработува, започнале притисоците од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Изненадувачки е кога Јанкуловска нарачала внатрешна контрола да го испита скандалот и по неколку дена чешалање на документацијата тие ништо не пронашле, раскажа Гулевска.
Првите сознанија за незаконскотот печатење лични карти стасало три години подоцна кога таа му признала на техничкиот минситер Оливер Спасовски дека занела за испечатени дваесетина документи.
Во „Титаник“, обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, и 12 други дека злосторчник исе здружиле и ги сториле кривичните дека повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.
Павле Беловски