
Села: Да се пронајдат организаторите на 27-ми април
Удари со монитор и држач за знаме го зашеметиле пратеникот Зијадин Сеа по што паднал на колен,а а потоа дел од демонстрантите во прес салата започнале да го удираат по телото и по главата. Ова е последно на кое се сеќава пред да падне во безсознание, сведочеше на денешното рочиште каде се соочи со 10-мина обвинети за убиство во обид.
Додека лежел паднат на подот ја штител главата од удари и не ги видел напагачите, но слушал пцовки и извици за негово убиство. Сепак очекува дека постојат снимки од луѓето кои крвнички го удирале. Вели, не може се да биде снимено, а кога мене ме напаѓаат не. Подоцна се освестил во соба 334 во Собранието. Во теменица бил сокриен под бирото, а до него бил и му помагал собранискиот обезбедувач Абдулфета Алими и уште еден човек кој не го познава.
Бил облечен во дуксер, а полицајци во цивилка му дале полициска значка и така маскиран извикувајќи дека станува збор за повреден полицаец го изнеле од Собранието, раскажа Села за оваа евакуација. Не е лесно да се соочиш со смртта, рече Села во изјавата за медиумите. Да не се повтори 27-ми април мора до крај да се расчисти до самиот врв, порача лидерот на Алијанса за Албанците
Дел од присутниве во собраниската прес сала Села ги препознал и мегу обвинетите.
Последици од повредите се уште има но во судницата нагласи дека не чувствува страв. На прашањата на обвинителот одговараше полека, тивко и смирено. Адвокатите и обивнетите одлучија да не го прашуваат.
И додека претпладнево одбраната сведоците чекаа да започне судењето за нападот на Села во судот влезе пратеничката Жаклина Пешевска осомничена во истрагата на обвинителството за организиран криминал која редовно се јавува во судот откако и беше укинат домашниот притвор и се брани од слобода.
Во Апелација беше спроведен режисерот Борис Дамовски кој на јавна седница барал укинување на притворот.
Елена Ивановска Мукоска