Ќе поевтини екстремно скапиот роаминг со Бугарија, владите се на потег

Почнаа разговорите за поевтинување на роамингот меѓу Македонија и Бугарија, регулаторите веќе најдоа модел како побрзо да се дојде до пониски цени за телефонски разговори и интернет меѓу двете земји, на потег се владите, кои веќе потпишаа меморандум. Идејата е Бугарија да се приклучи кон спопгодбата за регионален роаминг која уште во 2015 ја потпишаа Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, која значајно ги поевтини цените на услугите. Близу 400 илјади наши граѓани годишно патуваат во Бугарија, а овде доаѓаат и многу бугарски гости, но се покажало дека тие речиси и не зборуваат на телефон, исплашени од екстремно високите сметки.

„Ние денес подготвуваме и комплетна информација до Министерството за информатичко опшетство и администрација, сите овие чекори ќе им ги предложиме, бидејќи тоаа спогодна сепак се потпишува на министерско ниво, очекуваме двете страни многу бртзо да ја потпишат спогодбата, и тоа ќе значи почнување на процесот на намалување на цените. Министерствата ја имаат таа моќ, со законски измени да ја вметнат спогодбата, и сето тоа многу брзо да може да се ефектуира“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Како да се убедат телекомуникациските компании во двете земји кои од скапите телефонски и интернет услуги имаат одличен ќар, да се откажат од дел од заработувачките. Сега за минута разговор во роаминг од Бугарија во Македонија се плаќа меѓу 90 и 210 денари и 750 денари за мегабајт интернет. Димитријоски претпаставува дека моќни компаниски лоби групи ги спречиле Бугарија и Албанија да влезат во спогодбата меѓу земјите од Западен Балкан.

„Кога зборуваме за скратување на приходите меѓу операторите, доажаме до тешки борби, но и за нив ќе биде корисно да се намалат цените, бидејќи повеќе ќе се користат роаминг услугите“, вели Димитријоски.

Податоците на АЕК покажале дека од склучувањето на спогодбата во 2015 па досега цените на телефонските разговори и на смс услугите меѓу четирите држави се намалиле за една третина, така се очекува постепено да поевтинуваат и разговорите со Бугарија.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ