(фото)Тешко повредените работници однесени на КАРИЛ- ставени на апарти на дишење

Двајцата градежници кои се тешко повредени на градилиште во Куманово се примени на Клиниката КАРИЛ во Скопје.

-Двајцата пациенти се примени и згрижени. Приклучени се на апарати за дишење. Не се свесни. Во тек се анализи за степенот и карактерот на повредите. Се вршат сите потребни анализи и испитувања, изјави директорката на Карил, др Маја Мојсова за Телма.

Работниците имале тешки повреди на градниот кош, на белите дробови и на рбетниот столб, но повеќе информации ќе се дознаат по завршените испитувања и опсервации.

Работниците (вкупно 10) се поклопени со мрежа за темели на градилиште во Куманово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ