
Мрежа за темел ги поклопила работниците во Куманово
На терен во Куманово каде се случи тешка несреќа со десет повредени градежници има и полициски и трудови инспектори.
Според првичните сознанија од очевидци, работниците утрово ја полагале мрежата за темелот на зградата која била планирана во кумановската нселба Зелен рид.

Тогаш мрежата ги поклопила и повредила десетте градежници од кои тројца биле под мрежата, велат за Телма полициски извори од местото на несреќата.
Била повикана Итна помош, а повредените и поклопените работници биле извадени од колегите и од надлежните служби.
Двајца од повредените во тешка и критична состојба без свест и со медицински обезбедени дишни патишта веднаш се транспортирани на скопските клиники.
Јавното обвинителство соопшти дека локацијата каде се случила несреќата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои можат да помогнат за утврдување на причините.