Скопје утринава – трет најзагаден град во светот и прв во Европа

Скопје, Тетово, Куманово и Битола се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град утринава беше третиот најзагаден град во светот и прв во Европа.

Просечната концентрација на опасните ПМ10 честички на кубен метар во 8 часот наутро во Скопје беше 166, со што нашиот главен град се најде на третото место со најзагадени градови во светот, веднаш зад пакистански Лахор (316) и индиски Делхи (330).

Моментално загаденоста е малку опадната, но “AQI”, односно индексот на квалитетот на воздухот со кој се сумираат сите измерени вредности на мерните станици и натаму е порзителен – изнесува 157 и го сместува Скопје на 6-то место на листата со најзагадени градови во светот.

И додека секое утро Скопје се буди во друштво на петте најзагадени градови во светот надлежните институции доправа чекаат на новиот правилник кој ќе го регулира проблемот со загадувањето. Со  измена на граничните вредности во тој правилник кој го потпишаа Министерството за животна средина и Министерството за здравство инспекторите ќе можат соодветно да реагираат и кај помалите загадувачи. За невладините институции зголемена мобилизација на граѓаните и зачестени вонредни контроли на инспекторите е во моментов решение.   

За граѓаните пак загадувањето ќе биде намалено само доколку  надлежните институции ги зголемат вонредните контроли и секако зголемување на казните за они кои ќе дејстуваат сротивно правилникот.

Владата најави дека и инспекторите и полицијата во претстојниот период ќе вршат засилени контроли и ловење на загадувачите кои во најголем дел ги пријавуваат и самите граѓани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ