Давитков не менува, со проверени сили на Словачка

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков го скрати списокот на 16 играчи и со проверени сили без да експериментира ќе се подготвува за мечот против Словачка во рамките на вториот прозор од претквалификациите за Европското првенство во 2021 та година.

Од тројцата натурализирани Македонци, Давитков се определи за крилниот центар на Галатасарај, Ричард Хендрикс, кој ги одигра претходните две средби, на кои нашиот национален тим славеше на гости против Словачка и на домашен терен со Швајцарија.

Првиот собир е закажан за во среда кога македонската репрезентација ќе почне со четиридневните подготовки во пресрет на неделниот натпревар против Словачка закажан од 20 часот и 15 минути во СЦ „Јане Сандански“.

Список на кошаркари за натпреварот со Словачка:

Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (Куманово)
Бобан Стајиќ (Куманово)
Андреј Магдевски (Гостивар)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Димитар Караџовски (Куманово)
Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кирил Николовски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Ричард Хендрикс (Галатасарај)

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ