
Адеми: Не е постигнат договор со СОНК преговорите продолжуваат
Без резултат заврши средбата на министерот за образование Арбер Адеми со претставници на Синдикатот за образование, кои претходно не го прифатија владиниот предлог за зголемување на платите за 10 проценти, и најавија штрајк за 11 ноември, ако не ги прифатат нивните барања.
- Не е постигнат договор преговорите продолжуваат , на оваа средба разгледани се повеќе опции до крајот на неделата пак ќе се сретнат. Ова што е постигнато до сега е за поздрав, рече министерто Адеми. Педлогот на владата е ист 10 посто зголемување на платите на просветарите од април. Адеми смета дека нема потреба од штрајк затоа што има решение, вели дека просветните работници заслужуваат повеќе, а тие направиле се што можат.
- Советот на СОНК го повтори ставот ако не се најде решение 10.11 ќе има генерален штрајк. Спорно е процентот на зголемување на платите од 10 проценти и тоа дека наместо во јанури покачувања ќе има од април, изјави Јаким Неделков по средбата со Адеми.
СОНК бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку од 1 јануари, а исто така предлага и понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, да се понуди поголемо зголемување. СОНК бараат и измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование, во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци за превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале. Министерот Адеми во саботата најави дека повторно ќе разговраат и е оптимист дека нема да дојде до штрајк на наставниците, бидејќи, како што рече Министерството и Владата нудат решенија. Дали ќе бидат прифатени, ќе видиме по денешниот состанок.
Теодора Цветковска