Амди Бајрам: Титаник пропадна, сега сум на другиот брод

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник во Собранието, Амди Бајрам денеска одржа прес-конференција во законодавниот дом на која демантираше дека преговара за стапување во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека останува во коалицијата на СДСМ.

  • Сакам да се изјаснам во врска со некои шпекулации, кои ги има во јавноста, во медиумите, по порталите дека преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Не, тоа е чиста лага. Ниту преговарам, ниту немам никакви работи. Јас сум во колиција со СДСМ и останувам и понатаму во коалиција со СДСМ и сакам сите портали, сите медиуми да ме контактираат мене за вакви работи. Го знаете мојот број и јас да ве известам, а не да ми создавате компликации на мене и мојата политичка партија, рече Бајрам.

Тој побара извинување од оние кои ги ширеле овие информации и нагласи дека паролата на Сојузот на Ромите е „да биде секогаш со тој што е на власт“.

  • Парола на Сојузот на Ромите е секогаш и јас како единствен пратеник, отсекогаш сум кажувал јавно, не кријам, секогаш треба да бидам со власта. Гледајќи ја целата ситуација јас бев во тој брод, Титаник пропадна и нормално преминав во другиот брод и имам успешна соработка со СДСМ, рече Бајрам.

На прашањето дали ќе го смени и „овој брод ако потоне“, Бајрам рече деке „се во свое време“, дека сега е во коалиција со СДСМ и дека на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврдил оти со него оди на избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ