Директорот на домот за згрижување деца „25-мај“ си поднесе оставка – Комисијата на министерството засега нема утврдено одговорност

Падна и првата оставка во случајот со бременоста на 13 годишното девојче. Стевчо Соколовски од морални причини своеволно ја напушта функцијата директор на домот за згрижување деца „25- мај“ Иако министерствотото за труд и социјала најави дека ќе испитува одговорност, првиот комисиски извештај на министерството не дава одговори. Оттаму посочуваат дека воспитувачите и надлежните ги пријавувале исчезнувањата на девојчето од домот.

 „Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето“, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.

Министерството прст впери во полицијата и јавното обвинителство дека тие треба да одговорат кој го злоставувал девојчето, без да наведат како штитеничката во домот успевала да да го напушти и да и се изгуби трага со денови и недели. Во два случаи изминатата година полицијата ги открила злоставувачите. Возрасни мажи во неколку наврати ја чувале во куќи и станови и сексуално ја злоставувале. Го исвестиле јавното обвинителство, а во третиот случај пред три месеци за прв пат е поднесена кривична пријава против непознато лице. Обвинение нема. Нема ниту случај во судот. Јавноста се уште чека одговор зошто јавното обвинистелство Скопје, иако добивале докази и извештаи од полицијата не ги гонеле сторителите. Адвокатите коментираат дека овие случаи многу лесно се добиваат на суд, бидејќи не треба да се докаже силување туку сексуален однос со помлад малолетник, дело за кое казната е најмалку 8 години.

Додека државата бара виновник, девојчето закрепнува во домот „Ранка Милановиќ“, а нејзин старетел и понатаму е центарот за социјални грижи, доколку судот на закажаното рочиште во арпил не одлули повотрно старателството да го врати на нејзините родители. Шефкет Ибраим и неговата сопруга го загубиле пред 8 години заради питачење и негрижа околу смртта на две нивни деца. Заедно со уште 50 семејства живеат во прифатниот центар за бездомници критикувајќи ги условите во домовите „25-мај“ и „Ранка Милановиќ“ каде, пак се сместуваат децата од нефункионалани семејства. Такво признание стаса и во денешотот соопштенит на Минситерствоото за труд и социјална работа.

„Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик“, додадоа од Минситерство за труд и социјална политика

Децата и нивните семејства кои се под државна грижа ќе треба да почекаат најмалку уште една година државата да ги затвори домовите и центрите, а децата да ги згрижи во мрежа на мали групни домови.

Во таа насока, Министерството за труд и социјална интензивно работи на процесот на деинституционализација. До средината на 2018 година, ќе започне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови. Оваа реформа ќе овозможи индивидуален пристап кон секое дете, подобра грижа и значително намалување на ризикот од вакви несакани настани.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ