
7 повредени лица во сообраќајка на патот Тетово – Брвеница
5 лица со лица тешки а две со лесни повреди е исходот од сообраќајката која се случи синоќа на регионалниот пат Тетово Брвеница.
Се судриле две патнички возила марка БМВ со тетовски ознаки кој го управувал 17-годишник од тетовска Луковица и автомобил Голф кој го возел жител на Челопек на возраст од 37 години.
Сите 7 повредени се примени во Тетовската клиничка болница, четворица од нив поради сериозноста на повредите се препратени на скопските клиники.
На овој регионален пат чести се сообраќајките предизвикани пред се поради брзото возење, а голем дел од учесниците немаат положен возачки испит.
На самиот пат нашата камера регистрираше пречекорување на брзината.
Полицијата има извршено увид, подигнати се траги за вештачење.
Се работи на целосно расветлување на случајот.
Зоран Димовски