Пристап со двојно државјансто до строго доверливо, но не и до државна тајна

Власта и опозицијата се усогласија, македонски државјани со двојно државјанство од земја-членка на НАТО ќе можат да поседуваат безбедносен сертификат за строго доверливо, но не и за државна тајна. Компромисното решение беше постигнато на Комисијата за европски прашања по еден час дебата по амандманот на Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за класифицирани информации – лица со двојно државјанство да не може воопшто да поседуваат безбедносен сертификат.

Владата која ги предложи измените на Законот како подготовка на земјава за членството во НАТО ја побара модификацијата на амандманот, кој на крајот беше прифатен од ВМРО-ДПМНЕ и изгалсан, отфрлајќи го предлогот во тој случај сертификат да можат да поседуваат и лица со двојно државјанство од членки на ЕУ.

Но ако се договорија за тоа кој може да поседува безбедносен сертификат, не се договорија по амандманите на опозицијата да не се отвора нова позиција, заменик-директор во Управа за безбедност за класифицирани информации. Новото работно место остана во предлог-измените на законот.

Инаку во моментов во земјава има околу 2.000 лица со безбедносен сертификат, само во Одбарана и АРМ такви се 1.500, што според стандардите на НАТО е преголема бројка. Со измените на законот и ресертифицирање планирано е бројката да се намали на 200 до 300.    

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ