Пописот на населението се одложува за април 2021 година

Пописот на населението се одложува за април 2021 година, дознава „Телма“. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол  Симовски денеска имал средба  со премиерот Заев и се договориле дека нема простор Пописот да се одложи за идната есен, после изборите, бидејќи сепак 2020-та е изборна година. Статистика до крајот на неделава ќе  достави предлог до Министерството за правда со кој бара одложување на оваа операција за 2021-та година.

Пописот првично беше закажан за терминот од 1 до 30 април 2020 та година, но сметките ги поматија предвремените парламентарни избори кои Заев го закажа за 12 април.

Попис без политички влијанија денеска побара и евроамбасадорот Жбогар. Тој порача дека  Попис мора да има најдоцна до 2021 година и дека  нема пречки за донесување на Законот во Собрание.

  • Знаеме дека пописот мораше повторно да се одложи поради одлуката на властите да се одржат предвремени избори. Одложувањето се разбира е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и треба да биде ослободен од политичко влијание. Разбираме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред. Се надеваме дека ќе има и политичка волја да се заврши оваа операција. Со нетрпение очекуваме да видиме како пописот ќе се одвива штом сите услови бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога ќе организираат ваков попис и останатите европски земји. Исто така нема никакви пречки за донесување релевантен закон  во собранието колку што може побрзо– рече Жбогар.

Премиерот Заев минатат недела најави дека ќе се сретне со  директорот на Државниот завод за статистика, и беше оптимист дека Попис може да има во октомри наредната година. Претходно, откако беше закажан датумот за предвремените избори, првиот човек на статистика Симовски изјави дека се уште има политички пречки за донесување на законот во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ пак побара од Заев да не се брза со Пописот за наредната година со непрецизиран закон, туку тој да се одложи за 2021-та.

Последниот Попис во земјава е спроведен пред 17 години. Обид, но неуспешен  имааше и во 2011-тата година.  

Специјалното јавно обвинителство пак отвори истрага за пропаднатртиот попис. Осомничени беа  Груевски како тогашен премиер и лидерот на ДУИ Али Ахмети – го оштетиле буџетот за 2,8 милиони евра.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ