
Верушевски бара 70.000 евра за душевна болка во „Пуч“
За 344 дена поминати неосновано во притвор за случајот „Пуч“ со наводни странски служби и жолти комбиња, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета од државата по судски пат, јавува СДК. За деновите поминати во затвор тој бара околу 71.000 евра.
Случајот „Пуч“ минатата власт го отвори кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваше со обелоденувањето на „бомбите“. Заев исто така беше обвинет со ексразузнавачот, како и сопругата на Верушевски и еден од најблиските соработници на премиерот, тогаш вработен во Општина Струмица.