По сторијата на Телма Виторе Наумовска ќе добие болнички третман

По 5 години талкање и молење по болничките врати Виторе Наумовска од тетовско Непроштено, ќе добие соодветен третман во болничките установи.

По објавата на сторијата на Телма за нејзиниот случај таа неделава е прегледана на скопските клиники а потоа е препратена на испитувања во градската болница 8 септември, каде во четврток на 30 октомври ќе и се изврши првиот операционен зафат за остранување на протезата.

Пациенката Наумовска истакна дека ќе следува и втор операционен зафат за поставување на нова протеза и колк, откако ќе и се смири отокот и инфекцијата на ногата.  

Веќе 5 година Виторе Наумовска од тетовско Непроштено залудно тропаше по болничките врати барајќи замена на вештачки колк и протеза на левата нога чии рокови се поминати, откако и биле поставени во 2005 година.

Снимките и покажуваат дека колкот и се троши, a протезата и е разместена што резултира со голем оток, инфекција и крварење на ногата.

Како што ни раскажа таа досега била одбивана од докторите од скопските клиники со образложение дека немаат материјал за вакви зафати.  

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ