Се бара понудувач кој ќе го отстрани линданот од ОХИС

Трае тендерот на кој се бара фирма која ќе го отстрани линданот од ОХИС. Оваа токсична материја ќе биде отстранета од едната, помала депонија во кругот на фабриката.

Поголемата депонија која што е за четири до петпати поголема ќе почека повеќе пари.

Експертите прецизно коментираат. Депонијата во кругот на ОХИС е најалармантна според токсичност. Вакви примери во светот има повеќе бидејќи порано линдан се произведувал во голем број земји.

Завчера на владина седница, Владата одлучи да одобри речиси еден милион евра од буџетот за 2019 година, кои ќе се искористат за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС.

За тоа колку линданот е опасен по здравјето на луѓето, за Телма објасни Сузана Андонова која е доктор, а учествува во проектот за отстранување на линданот од депониите во ОХИС.

Според Андонова, дел од смрните случаи кај вработени во ОХИС во последните четири децении се директно поврзано со изложеноста на токсични хемикалии.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ