
Царовска: Бизнисот и вработените ќе имаат бенефит од растот на минималната плата
По жестоките реакции на текстилниот кластер против најавениот скок на минималната плата од 12 на 14 и 500-тини денари, владата ги смирува газдите. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, им вети дека Државата ќе ги помогне со субвенции.
Потенцираше и дека одлуката не ја донеле набрзина, туку низ многубројни консултации со нив.
Ги уверува дека штета нема да има, а бенефит ќе почувствуваат и двете страни, и компаниите и нивните вработени.