
Сојузот на средношколци предупредува дека на секој ученик му недостасуваат 2-3 учебници
Учениците се изјасниле дека немаат соодветна литература а учебниците спротивно на законските прописи се пренесуваат од ученик на ученик веќе петта година по ред, велат од Сојузот на средношколци. Според нив на секој ученик му недостасува од 2 до 3 учебника.
Како оваа така и претходните години од Министерството за образование се правдаат дека учебниците доцнат оти училиштата не доставувале навреме список за замена и нивна достава, но нивните документи говорат дека до надлежното министерство имало доставена соодветен список на учебници
Ако наскоро не се реши проблемот од Сојузот најавуваат бојкот на образовниот процес.
Зоран Димовски