
(фото+видео) Пет возила опожарени во Штип, меѓу нив и на таткото и братот на Маринела Тушева
3 возила се целосно опожарени а две делумно рано изутринава околу 5 часот во штипската населба Сењак.
Меѓу целосно опожарените возила се и на братот и таткото на Маринела Тушева, поранешна пратеничка на СДСМ од Штип и сопруга на Бојан Маричиќ, советник за евроатлантски интеграции на премиерот Зоран Заев.

Нивните возила биле опожарени пред станбената зграда во која живеат.
За Телма, брат и на Маринела, Никола Тушев вели дека нивните возила биле посебно паркирани и дека напаѓачите палењето го извршиле најверојатно со молотови коктели.
Екипи на СВР Штип вршат увид на терен и повеќе информации се очекуваат во текот на денот.