
Ромео: Западен Балкан е дел од Европа и треба да биде дел од ЕУ
Западен Балкан е дел од Европа и треба да биде дел од ЕУ. Ова во интревју за Телма го потенцира италијаснкиот амбасадор Карло Ромео.
Тој потврди нека Италија во најското време ќе се обиде да го врати проширувањето пред европскиот совет. Со него разговараше Тамара Грнчароска.
– Господине амбасадоре, Италија ќе иницира враќање на темата за старт на преговори со Македонија и Албанија на агендата на ЕУ и тоа уште од идниот месец. Кој е аргументот на Италија за да ги убеди скептичните земји во неопходноста од тоа?
Дозволете ми најпрво да кажам дека одлуката која што беше донесена на Европскиот совет минатата недела, е како што кажа и самиот премиер Конте, историска грешка за ЕУ. Исто така сакам да нагласам дека Италија го споделува разучарувањето на Република Северна Македонија околу оваа одлука. Но, сепак мора да биде нагласено дека процесот на проширување на ЕУ е една историска одлука која што не соодветствува на самиот процес влез во ЕУ, туку на отпочнување на преговорите. Сакам да нагласам, исто така, дека мнозинството на европските држави се согласни со отпочнувањето на преговорите со Северна Македонија. Секако, можам да нагласам дека најдобриот инструмент за влез во ЕУ се токму отпочнувањето на преговорите. Тоа e многу долг и комплициран процес кој трае со години, но е процес кој е неопходен за овие земји. Тоа е најдобрата алатка за пристапување на земјите, со цел еден ден да влезат во ЕУ, токму преку пристапните преговори.
– Дали се координиравте со други земји-членки за оваа иницијатива?
Како што самиот Конте изјави веднаш по Евроспкиот совет поголемиот број на европски држави беа за отпочнувње на преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Италија секако ќе се залага повторно да ја воведе темата за проширување на Европската унија во најкраток можен рок, по можност на претстојниот Совет за општи работи на Европскиот совет. Секако ќе работи исто така и на надминување на сите пречки кои што беа наведени од земјите што не се согласуваа со отпочнувањето на преговорите, секако за да се одблокира отпочнувањето на преговорите. Се надеваме дека Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да работат на реформите на државите затоа што реформите се многу битен пат за отпочнување на преговорите.
– Ставот на францускиот претседател Макрон е привилегирано партнерство со Западниот Балкан наместо членство во е ЕУ. Кој не ставот на Италија за ова?
Позицијата на Италија е дека Западниот Балкан е дел од Европа и треба да биде дел од Европската унија. Повторувам дека процесот на проширувањето на Унијата е едно од главните политики и линии кои што ги држи Европската унија и се надевам дека во блиско време ќе може да се преговара за влезот на овие држави во ЕУ. Сакам да кажам дека процесот на проширување не е мртов и не треба да се разочаруваме и во најскоро време се надеваме дека ќе успееме да го предложиме во Европскиот совет.