Американскиот сенат го ратификуваше протоколот за членство на С. Македонија во НАТО

Сенатот на САД го усвои протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Според резултатите од гласањето, објавени на интернет страна на американскиот Сенат,  „за“ гласале 84, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, биле против. Од гласање се воздржале 14 сенатори.

Минатата недела националните парламенти на Италија и на Велика Британија го ратификуваа Протоколот за зачленување на РС Македонија во НАТО.

Останува уште 5 земји да го ратификуваат овој протокол.

Откако сите 29 земји членки на НАТО го рафикуваат договорот Македонија може да стане 30 членка на НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ