(видео) Пендаровски: Имаме државен консензус дека сакаме да одиме по европскиот пат

Заврши првиот дел од лидеркста средба во вила Водно. Претседателот Пендаровски за време на паузата рече дека се разговарало за одлуката на ЕУ лидерите Македонија засега да не ги почне пристапните преговори со ЕУ.

  • Нашата држава е по третпат во слична ситуација, рече Пендаровски, објаснувајќи ги сите три ситуации, но за разлика од претходните , овојпат Македонија ги има исполнето сите предуслови.

Сите лидери присуни се согласиле дека ЕУ патот е единствениот пат за Македонија, бидејќи тоа е единствениот начин за подобра иднина.

  • Имаме државен консензус, независно од заклучоците на ЕУ самитот, согласност од сите присутни, дека ние немаме проблем со новата методологија, која се бара. Се согласија дека немаат проблем со реверзибилниот процес, бидејќи немаме од што да се плашиме, и сите присутни рекоа дека не за какви било алтернативи за приклучување на процесот. Имаше предлози да не стават во категорија СОСЕДСТВО, но ние сме дел од Европа, и ние не бараме никаква алтернатива, само како полноправна членка на организацијата, изјави претседателот.

Било кој да е на власт или во опозиција во наредниот период ветија дека ќе работат на нашето приклучување кон Европа, рече Пендаровски.

По паузата, Пендаровски најави дека ќе се зборува за втората точка, а тоа се предвремените парламентарни избори и одлуката за тоа кога би се одржале. Додаде дека не е во негова надлежност обврската за предверемени избори, за тоа ќе се одржат, партиите треба да се договорат со консензус. Но, ги предупредил дека откако сите 29 земји членки на НАТО ќе го ратификуваат протоколот, следува ратификација и во нашето Собрание, и да водат сметка избрите да не бидат пречка за дополнително одолговлекување за процесот за влез во НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ