Изборите и емоциите не смее да ги запрат реформите на европскиот пат

Одлуката без одлука во Брисел предизвика ексресно решение во Скопје. Брзи предвремени избори. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека емоциите и изборите не смеат да ги закочат реформите кои се потребни и на граѓаните и за членство во ЕУ.

Предлогот за брзи избори доаѓа додека се уште не се оладени реакциите за ндобивањето на датум. Веднаш по неговата прес конференција, претседателот на Европскиот совет на прашањето на Телма како очекуваат да се поврати довербата во процесот на проширувањето на Унијата, Туск рече дека и Брисел сега ќе мора да го поправи она што се случи на самитот.

  • Мора да сториме се тука во Брисел, во главниот град на земјите членки, да го поправиме тоа што се случи вчера. Тоа е наша морална обврска, но исто така и политички интерес да ги продолжиме преговорите и да ги оставиме вратите отворени и за Северна Македонија и за Албанија. Проблемот е што јас сум последниот кој треба да се убедува, бидејќи сум посветен на проширувањето, посебно кога станува збор за овие две земји. Денеска можам само да кажам дека сум на нивна страна, одговори претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на прашањето на Марија Дивитарова од Телма.

Иако смирувачки и подржувачки, пораките не ги сопреа емоциите и разочарувањето во државата откако како што вели Муслиу добивме не, без конкретен одговор зошто.

Ниту Скопје не губи надеж, а премиерот Заев во поетичен стил најави дека македонското сонце ќе блесне и сите треба да сработат двојно повеќе отколку досега. Но пред некој друг одговор од Брисел во Македонија сега веќе во предизборна атмосфера ќе мора да се донесе и закон за обвинителството за ефикасно гонење на криминалот на функционерите и да се направи и попис за да конечно по 17 години дознаеме колку сме. Изборите како решение сега може да станат пречка во тие реформски и потребни процеси.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ