Заев: Во Брисел буквално ги молев да не ги гасат ѕвездите, ми се јавија сите премиери да ме охрабрат

Во Брисел буквално ги молев да не ги гаснат европските ѕвездички, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е неговиот личен став за отпорот на Франција, која беше единствената што не даде зелено светло.

-Франција е наш пријател и така ќе остане, рече Заев. Макрон сними и видео во кое го поддржува нашиот народ. Ние не треба да се откажуваме од пријателите, и мислам дека тоа што се случи е внатрешно прашање на Франција. Сите земји имаат обврска да градат пријателство, посебно земји мали како нашата. Верувам дека Франција ќе го надмине тоа прашање, исто како и ЕУ.

Вчера ми се јавија речиси сите премиери и канцелари да ме охрабрат да останеме на патот, а преку мене и вас, рече Заев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ