Пендаровски побара обединување за Македонија

Емоциите и разочараноста да се тргнат на страна и трезвено да се соочиме со новата реалност“. Со вакво барање претседателот Стево Пендаровски и се обрати на јавноста.

Европските стандарди треба да станат домашни стандарди, посочи Пендаровски и побара интензивирање на реформите, справувањето со организираниот криминал и високата корупција, како и реализација на договорите со Бугарија и со Грција.

Шефот на државата повика да не се прават политички тензии и да не се шири незадоволство кон некои земји членки на Унијата, кои ги штитат своите специфични национални интереси. Ги повикал претседателите на најголемите парламентарни партии в недела на лидерска средба за да покажат единство околу нашата стратешка ориентација.

 Сите повикани партии потврдуваат дека ќе присуствуваат на лидерската средба. Ова ќе биде прв ваков собир во организација на Пендаровски.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ