Македонија Претседателот ќе и се обрати на нацијата во 14 часот
Претседателот, Стево Пендаровски, денеска во 14.00 часот ќе и се обрати на нацијата по повод разврската на Самитот на ЕУ лидерите во Брисел, каде не беше донесена одлука за почеток на преговори на Македонија и Албанија со унијата.
https://www.youtube.com/watch?v=BbQGOMmEJh8
Телма информираше дека претседателот има намера да свика лидерска средба по враќањето на македонската делегација од Брисел.
Средбата би се одржала најверојатно за време на викендот.
Од кабинетот на претседателот за Телма велат дека официјално ќе соопштат дали и кога би се одржала средбата по прес конференцијата по завршувањето на самитот на Европскиот совет во Брисел.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“, велат од ДУИ.



