Груби: За 24 декември префрлена амандманската расправа за законот за употреба на јазиците

Комисијата за европски прашања за 24 декември ја префрли расправата за амандманите за законот за употреба на јазиците, поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Ова денеска го најави претседателот на комисијата, Артан Груби, кој рече дека денот за амандманска расправа ќе биде на 24 декември за да и се даде можност на опозицијата да дискутира за амандманите. Со законот за јазици, според Груби, се затвора едно прашање од Рамковниот договор, а тие (ВМРО-ДПМНЕ) се негови потписници.

Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на комисијата, а се очекува да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, закажан за 23 декември.

На седницата присуствува и министерот за правда, Билен Салиу, кој не прифати еден од амандманите на БЕСА. Веднаш по ова почна директна кавга меѓу Груби и пратениците од БЕСА, бидејќи претседателот на комисијата на своите колеги не им даде можност за процедурална забелешка, по одбивањето на нивниот мандаман. Груби почна дсо свое обраќање, по што пратениците од БЕСА почнаа да го попречуваат со удирање по клупите. По завршување на обраќањето на Груби, од кој многу малку се слушна, беше дадена пауза.

Најголем дел од 90 амандмани 84 има ВМРО ДПМНЕ, 4 СДСМ и 2 БЕСА.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ