
Скопското крило на БЕСА го избра Гаши за претседател
Африм Гаши со мнозинство гласови е избран за претседател на БЕСА на првиот конгрес, кој го организираше крилото на пратеникот од Тетово Неџбедин Кахремани.
Гаши кој е еден од основачите на БЕСА, истакна дека нема дилема за легитиметот на овој конгрес, затоа што на него учествувале над 445 делегати на движењето, и мнозинството на членови на Централниот совет, Цетнралното претседателство и општинските ограноци на партијата.
Тој потенцираше дека функцијата претседател на БЕСА за него не преставува привилегија, туку голема одговорност, посебно во како што го нарече овој трубулентен период и превирањата во која се наоѓа движењето. Целта е БЕСА да стане модерна партија чиј приорит ќе и биде економијата, рече ГашиНа денешниот конгрес на БЕСА беше избрано новото централно претседателство, централниот совет и останатите тела на движењето.
На 24 овој месец крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами во Скопје ќе го одржи исто така првиот конгрес на движењето, на кој ќе се избере претседател и повисоки партиски тела.
Беса се подели на две крила минатиот месец, откако пратеникот Зеќирија Ибрахими даде оставка од потпретседателското место.
Утредента Биљал Касами во Тетово свика седница на централниот совет, на која закажа конгрес на партијата.
Но истиот ден, дел од делегатите претежно од скопското крило, подржани од пратеникот од Тетово Неџбедин Кахремани, одржаа парарелна седница на која закажаа парарелен конгрес на партијата.
На крајот судот треба да одлучи на кое крило ќе му припадне логото и името на партијата.
Зоран Димовски