
Недостиг на нови гинеколози во Гостивар
Наредната година гостиварската болница ќе нема доволно гинеколози. Четири лекари од вкупно осум ќе се пензионираат. Раководителот на гинеколошко-акушерско одделение д-р Агим Јакупи нагласува дека ова ќе создаде големи организациски проблеми. Изразува загриженост дека недостигот на гинеколози ќе се одрази негативно на целокупното функционирање на службата од што последици ќе трпат пациентките.
Тој не е оптимист дека младите специјализанти ќе ги наследат пензионираните доктори. Тие веќе бараат работа во приватните болници или во странство, за подобра плата и услови затоа што државата не ги стимулира доволно, за да се вработаат во јавното здравсто
Инаку на гинеколошко-акушерското одделение годишно се вршат од 650 до 700 породувања.
Зоран Димовски